Низа нови земјотреси го погодија централниот дел на Италија во текот на ноќта, од кои најсилниот бил со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала.
Според податоците на американскиот Геолошки завод, најсилниот земјотрес во текот на ноќта се почувствувал во 04.50 часот.
Многу лица кои после разорниот земјотрес во средата останаа без своите домови, ноќта ја поминаа во шатори, додека доброволци се грижат да им обезбедат основни продукти.
Во земјотресот во средата загинаа најмалку 281 лица, додека 387 лица се повредени.
Најмногу жртви, 221, имаше во градот Аматриче кој речиси целосно е уништен.