Итно расчистување на нападот врз Љупчо Палески бара партијата на Солза Грчева

Сподели

 

Љуpчо Палевски претседател на движењето Трета и активист во партијата Глас за Македонија на Солза Грчева, беше нападнат вчера попладне во близина на неговиот дом кај трговскиот центар Буњаковец. Според информациите од МВР, го нападнале две лица со метални шипки. Напаѓачите се превезувале со мотоцикл.

“Глас за Македонија бара итно расчистување на бруталниот напад, на среде улица, во среде бел ден, врз активистот Љупчо Палевски.

МВР да не излегува со анемични изјави од типот: “се работи на расчистување на случајот“, туку итно да преземе ефикасна и масовна акција за пронаоѓање на напаѓачите.

Ова е тест за старо-новата власт: дали правдата ќе биде спроведена и кон нејзините критичари, или правдата и натаму ќе се дели по партиска основа.

Ако случајот со Љупчо Палевски не биде бргу расчистен и напаѓачите не бидат казнети соодветно, ќе добиеме потврда дека живееме во држава со голем ризик, владеена од мафијашки структури” – се наведува во соопштението на Глас за Македонија.