Иванов на поединечни средби со партиските раководства

Сподели

Претседателот Ѓорге Иванов денеска ќе одржи поединечни средби со партиските раководства, во рамките на најавените „консултации со надлежните институции и политички партии“, откако мандатарот Никола Груевски не успеа да обезбеди мнозинство за формирање влада.

Денеска во 16 часот со Иванов ќе се сретне лидерот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од заменик – претседателката Радмила Шекеринска и Генералниот секретар, Оливер Спасовски.

Раководството на движењето „Беса“ на средба кај претседателот е точно напладне, а во термините помеѓу и пред тоа таму ќе се пристигнат и раководствата на другите партии.

Од ВМРО-ДПМНЕ не откриваат кој од нивната партија ќе присуствува на средбата. Прашање е и дали лидерот Али Ахмети ќе се појави кај претседателот, со оглед дека ДУИ не го признава легитимитетот на Иванов. Единствениот исклучок беше направен на ланската седница на националниот Совет за безбедност, кога на седницата кај претседателот од ДУИ присуствуваше Талат Џафери.