Иванов: Целиот процес наликува на личен договор меѓу двајцата премиери

Сподели

Претседателот Иванов денеска имаше средба со министерот за надворешни работи Димитров, на која министерот Димитров усно го информираше за последните случувања поврзани со разговорите за прашањето за разликата околу името.

Претседателот Иванов на средбата истакна дека непридржувајќи се кон законските одредби за склучување на меѓународни договори, целиот процес наликува на личен договор меѓу двајцата премиери.

 „Целиот процес наликува на личен договор меѓу премиерот Заев и премиерот Ципрас, за што нема обезбедено национален консензус во Република Македонија. Мојот став е дека не прифаќам решение за прашањето за името за севкупна употреба, или ерга омнес“, изјави Иванов.