Ивановска: Неосновани се забелешките дека Антикорупциска излегува од своите надлежности

Сподели

 

 

По забелешките на професорката Ана Павловска Данева, нашата национална претставничка во ГРЕКО изнесени во поткастот на Рес публика дека Државната комисија за спречување на корупцијата е неефикасна, недоволно екипирана и делува како орган на прогон, претседателката на Комисијата Билјана Ивановска изнесува неколку контрааргументи зошто таквите обвинувања се неосновани. Таа ја повика претставничката на Македонија во ГРЕКО, да ја посети Комисијата за да се запознае со нејзината работа.

respublica.edu.mk