Со пет гласа „за“ Комисијата за мандатно имунитетни прашања го изгласа предлогот да му биде одземен мандатот на Никола Груевски, по основ дека е неоправдано отсутен повеќе од шест месеци.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не гласаа ниту „за“ ниту „против“ за предлогот, а не беа ниту воздржани.
Изгласаниот предлог треба да се најде на пленарна седница каде парламентот ќе донесе одлука дали да му биде одземен мандатот на Груевски.За да му се одземе мандатот на Груевски на пленарна седница „за“ треба да гласаат 80 пратеници.