Подгрупата за помирување во Собранието изготви Предлог – Закон за амнестија, кој што денеска ќе биде доставен до Координативното тело за помирување и доколку биде прифатен ќе биде пуштен во собраниска процедура за да се носи во скратена постапка.
Зекир Рамчиловиќ, од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, кој ја предводи оваа подгрупа, изјави дека нејзините членови постигнале консензус по ова прашање.
Според него, со pредлог-законот нема да бидат опфатени организаторите и лицата кои извршиле физичко насилство за време на настаните од 27 април лани во Собранието.
– Направена е разлика, најдена е правна формулација за дистинкција меѓу лицата организатори на настаните од 27 април лани и насилниците со оние кои не организирале и не извршиле насилство. Секое лице опфатено во процесот на ваквата амнестија, откако законот ќе биде изгласан, ќе треба да поднесе барање за амнестија – рече Рамчиловиќ.