Црвениот крст упатува голема благодарност до сите граѓани и правни субјекти за поддршката во хуманитарната акција на Црвениот крст, за помош на настраданото население од катастрофалните земјотреси во Турција и Сирија и ја информира јавноста дека во акцијата, вкупно е собрана донација на парични средства во вкупен износ од 63.380.807 денари.
Oд собраните средства, 12.427.334 денари, се испратени на сметката за Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина, за помош на настраданото население во Сирија.
Црвениот крст на РС Македонија по направените преговори со Турската Црвената Полумесечина, на заеднички предлог, одлучи собраните хуманитарни средства во износ од 50.909.796 денари, да се наменат за изградба на училиште во градот Малатија.
Новото училиште ќе го носи името на нашата држава, а 32 училници ќе ги носат имињата на градовите на нашата држава.
Овој акт ќе остави траен белег и доказ за солидарноста на граѓаните на РСМ кон граѓаните на Република Турција.