ИЗЈАВИ: БУЈАР ОСМАНИ – Нашата цел е да ги затвориме отворените прашања со соседите и да побараме поддршка од Бугарија

Сподели

-“Првата билатерална посета на делегација на новата македонска Влада е во Бугарија. Веќе имавме посета и на Брисел, но ова е првата билатерална и целта ни беше да ги затвориме отворените прашања со соседите и да побараме поддршка од Бугарија со оглед на претстојното нејзино претседавање со ЕУ, за да го вклучи прашањето за членство на Македонија на дневниот ред на Унијата.”

-“Нашата цел е да ги затвориме сите отворени прашања – прашањето за Рамковниот договор во Македонија, прашањето на договорот за добрососедство со Бугарија, за на крај да остане само прашањето за името со Грција. Тоа е тешко и емоционално прашање за чие решавање напори треба да вложат сите партии и страни.”

-“Ние ја почитуваме заедничката историја, но сметаме дека треба да гледаме напред кон иднината и да се стремиме да напредуваме како европски држави.”

Изјави, Бујар Османи