– “Не може да се дозволи целиот товар во справувањето со елементарните непогоди да паѓа врз Армијата и полицијата, кога во исто време имаат распоредени сили за заштита на државната граница. Неодговорно е да се трошат ресурсите на Армијата за да се штедат сопствените ресурси. Постојаниот ангажман на АРМ при елементарните непогоди не е трајно решение, дека е неопходна зголемена институционална соработка меѓу институциите на централно и локално ниво и дека не смее да се чека катастрофата да се случи за да се дејствува реактивно.”
Иванов упати повик до надлежните институции од системот за управување со кризи и од системот за заштита и спасување да постапуваат во согласност со своите законски надлежности.