ПОВОД: ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ
“Да, сега се треба да изрелативизира. Или пак партиски да се обележи, политички да се означи. Лажни душегрижници и маскирани добронамерници ќе повикуваат на солидарност. Ќе се прогласат за спасители виновниците, ќе се повикува на лажна солидарност за да се маскира грижата само за себе и опстанокот на еден неодржлив систем, кој добро го отсликуваат калиштата што се спуштаат низ патиштата. Ќе се преоблече убиецот преку ноќ и ќе глуми спасител, како во крими филм. Многу често ќе се спомнува Господ, ќе се префрлува дури и на него вината, ќе се потенцира ‘непогодата’, ќе се повикува на ‘неполитизирање’, ‘немрчење’. Ќе пелтечи ‘таткото’ на градот дотеран со качкет Серџо Тачини, ќе пелтечат разни министри извадени на улица од магарешка клупа. Едно време ќе молчат оние со по 20 000 ‘следачи’ дури не решат што ќе лупетаат, повторно маскирани зад одвратно и наместено душегрижништво и лажна солидарност со ‘настраданите’, не кажувајќи дека оние што ги жалат се оштетени од оние кои што ги плаќаат за да ‘жалат’. Ќе се екипираат пред да рекламираат нешто што не е за рекламирање, слично како што се рекламираше за пиење водата од Дојран со маси на коишто стојат чаши полни со алкохол. Оваа фарса ќе има свој крај кој никој во овој момент не може да го предвиди. Неодговорноста на разни ‘шминкери’ од разни професии кои во ‘самостојна’ Македонија глумат спасители уште еднаш ќе ја урне оваа држава во кал, од кој, како да е исторски проколната, пак ќе мора да се вади. И да. Како и со се друго ќе биде, кој си умре си умре…”