ИЗЈАВИ: ТЕУТА АРИФИ – Платформата не е таа која се опишува во писмото на Иванов упатено до меѓународниот фактор

Сподели

“Платформата на албанските политички партии не е таа која се опишува во писмото на претседателот на државата Ѓорѓе Иванов упатено до меѓународниот фактор. Платформата зборува за албанскиот јазик кој го говорат голем дел на граѓаните на ова земја, зборува за рамномерен развој, за членство во НАТО и во ЕУ, што е дамнешна заложба на ова земја. Мислам дека тенденцијата, оваа платформа да се прикаже како елемент на провокација и омраза на Албанците кон Македонците, мислам дека тоа е сериозна политичка и Уставна неодговорност, бидејќи на овој начин се загрозува уставниот поредок на Македонија“.