Во Музејот на Република Северна Македонија вечер, со почеток во 18:30 часот, ќе биде отворена изложбата „Богородица мост помеѓу небото и земјата“.
Во рамките на изложбата ќе бидат претставени икони и фрески кои се дел од богатите колекции на Музејот.
– Во дел од збирките на Музејот се наоѓаат икони и фрескокопии од целата територија на Македонија, коишто претставуваат важен дел од уметничкото богатство. Тие не се само уметнички дела, туку и духовни симболи коишто верниците ги користат за да се поврзат со божественото. Ликот на Богородица, како заштитничка и мајка, нуди утеха и надеж, а тоа ја прави една од најчестите фигури во христијанската уметност – наведуваат од Музејот.
Автори на концепцијата за изложбата се кустосите Марија Петковска и м-р Татјана Трајковиќ.