Во споменикот „Македониум“ во Крушево денес во 18 часот ќе биде отворена изложбата „Мапирај го Крушево“ на уметниците Јасмина Руневска, Емил Солески и Дарко Талески.
Користејќи го визуелниот јазик и во соработка со граѓаните на Крушево, уметниците мапираа различни сегменти од локалниот простор, создавајќи алтернативна претстава за просторот, улиците, домовите и приказните на крушевчани. Преку различни техники тие креираа виртуелни, (не)визуелни мапи на звуци, мириси, чувства, приказни, историја, спомени. Истиот ден во 12 часот ќе се одржи и интерактивна изработка на субјективни мапи од страна на младите крушевчани.