Изложба на дела на македонски уметници во Венеција, Италија

Сподели

 

Во Палата Пизани-Реведин,  во Венеција, во тек е изложбата „Светските уметници за Венеција“, проект кој се реализира по идеја и со кураторство на Љупка Делева, визуелна уметница која од 2001 живее во Италија.

Во 2019, кога Венеција беше погодена од поплави кои предизвикаа големи материјални штети, триесетина македонски визуелни уметници одговорија на апелот на Делева за добротворна изложба и подарија свои дела како израз на емпатија која ги поврзува народите. Покрај Делева, на изложбата има дела од Ладислав Цветковски, Микица Трујкановиќ, Симонида Китановска, Нада Прља, Жанета Гелевска-Вељановска, Гоце Наневски, Александра Димитрова, Крунислав Стојановски, Ана Спасова, Марина Лешкова, Страхил М. Петровски, Јана Манева-Чупоска, Ана Трајковска, Ива Станковска, Дарко Марковиќ (донација од Соња Абаџиева), Дијана Томиќ-Радевска, Александар Таневски, Зоран Јакимовски, Борис Шемов, Венко Цветков, „Колектив Зеро“, Дороти Пачкова, Ленче Ламбевска-Гулевска, Маја Димитрова, Дарко Аницин, Гордана Винчиќ, Тања Таневска, Предраг Тасиќ, Новица Трајковски и Виолета Чаповска.

Според Делева изложбата има за цел продлабочување на културната и уметничка соработка помеѓу Македонија и Венеција.

По завршување на изложбата која ќе трае до крајот на овој месец, делата ќе бидат подарени на Градот Венеција.