Изложба на Државниот архив на фестивалот “БРАЌА МАНАКИ”

Сподели

 

Државниот архив и одделението-Битола, во соработка со Интернационалниот фестивал на филмска Камера “Браќа Манаки”, организираат изложба, што ќе биде дел од официјалната програма на 42-то издание на овој фестивал.

Изложбата насловена Mementos/Спомени, ќе биде поставена во НУ Завод и во Музејот на Битола, од 17 до 24 септември 2021 година, во согласнот со утврдените здравствено-безбедносни владини мерки и протоколи.

Изложбата ќе содржи дел од богатиот архивски фонд на браќата Манаки, што се наоѓа во Државен архив – одделение Битола, а во кој се вбројуваат нивни приватни документи, материјали, предмети и фотографии.

На отворањето на изложбата се очекува да зборува и директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески.