Во рамките на манифестацијата “Десет дена Крушевска Република“, пред Македониумот во Крушево, е отворена изложбата: “120 години од Илинденското востание – архивска меморија“, со која Државниот архив се приклучува кон одбележувањето на 120-годишнината од илинденската епопеја.
Изложбата содржи над 300 архивски документи и фотографии прикажани на 20 изложбени паноа. Документите се дел од архивските фондови што се чуваат во Државниот архив, а се преземени од архивите во Истанбул, Софија и Белград.

