Изложба на “ВРЕМЕТО РАСКАЖУВА” од Симон Илиев во НУЦК “Бели мугри” – Кочани

Сподели

 

НУЦК “Бели мугри” – Кочани, Изложба на Симон Илиев, 16.ноември во 12.часот

Автор на изложбата е м-р Симон Илиев, дипломиран и магистриран студент на Националната Ликовна Академија во Софија, Бугарија, на отсек Графика.

Ова е прво самостојно изложување во галериките простории на НУЦК “Бели мугри” – Кочани, воедно и прва самостојна изложба на авторот м-р Симон Илиев во својот роден град. На изложбата ќе бидат изложени 18 графики во техниките литографија, алграфија, сува игла, акватинта и бакропис изработени за време на студиите и по завршувањето.

Темите на делата се инспирирани од различни моменти и доживувања. Акцентот на изложбата ќе биде на изложените дела од трудот за дипломската и магистерска работа, кои претставуваат циклус од по 5 графики направени во период од 2015 до 2018 година. Графиките направени за дипломскиот труд се на тема “Времето зборува”- 5 графики со димензии 35х50, во техниката литографија. Уметникот го претстава одминувањето на времето, кое остава траги и спомени за коишто зборува само одминатото време и од магистерскиот труд е на тема “Спомени” – 5 графики со димензии 35х56 во техниката алграфија.

Оваа изложба е наменета за повеќе цели, да се едуцира публиката за значајноста на овој вид уметност, претставување на уметникот и неговите дела пред публиката од неговиот град и во други градови во неговата држава, претставување на техниките литографија и алграфија кои не се толку познати на нашата публика, исто така изложбата е предвидено да биде продажна и процент од продажбата да бидат донирани за хуманитарни цели.