Изложба на Љубе Чаловски во ЛУ Градски музеј Крива Паланка

Сподели

Во галеријата на ЛУ Градски музеј Крива Паланка на 14 јуни (петок), во 12,30 часот, ќе биде отворена изложба на цртежи од архитектот Љубе Чаловски.

Изложбата содржи 30-тина цртежи, работени во техниката јаглен на хартија, кои се создадени во приодот од последните неколку години.

Инсипрацијата за делата Чаловски ја пронаоѓа во  мотивите од просторите и градовите низ светот каде што градел и престојувал авторот повеќе од 30 години и тоа: Блискиот Исток, Јужен Сибир, Русија, балтичките земји, Грција, а од Македонија најзастапени се мотиви од Велес, Крушево, Кратово, Гостивар, Тетово, Охрид и Галичник, кои во ризницата на македонскатаб архитектура.

Поводот за оваа изложба е 20-годишниот јубилеј од првата изложба поставена во НУЦК „Трајко Прокопиев“ Куманово. 

Љубе Чаловски дипломирал на Архитектонскиот факултет во Скопје во 1975 година. Има реализирано шест самостојни изложби, активен член е на Комората на овластени инженери и техничари, Сојузот на архитекти, соработник со „Мост проект“ од Москва и „ГерцИ Швајцарија“.

Изложбата се реализира во рамки на манифестацијата „Крива Паланка – Град на културата 2024“.