Изложба на Решат Амети во Даут-Пашин амам: 30 години уметност

Сподели

 

Даут-Пашин амам, 27.октомври Изложба на Решат Амети – 30 години уметност

Со изложбата најавена за октомври 2020 година во Националната галерија, академскиот сликар Решат Амети одбележува 30 години творештво, односно 30 години од неговата прва самостојна изложба која ја договорил како студент, пред дипломирањето, а ја реализирал веднаш по дипломирањето, во 1990 година, во галеријата Киви во Виена, Австрија. Од тогаш па до денес, неговото творештво е презентирано низ целот свет, на сите континенти. Неговиот сликарски ракопис е присатен во државни и приватни колекции.

Творештвото на Решат Амети содржи философско-интелектуален призвук на суптилен израз со естетско чувство за експресија, геометрија, динамика, асоцијативна наративност и промисленост. Централни точки во неговиот творечки ангажман се: геомертијата како праформа, праматерија, создадена од перфекционистичкото и испрофилирано човеково битие, лириката во облик на гест, знак, материја која ја динамизира композицијата, светлината како извор на животот, духовноста, вербата, религијата, љубовта и секако традицијата како елемент на личната идентификација.

На претстојната изложба ќе бидат изложени дела од сите периоди, фази и уметнички дискурси работени во текот на изминатите години.

Решат Амети – 30 Години творештво
Reshat Ameti – 30 Vjet Art
Reshat Ameti – 30 Years of Art

denesmagazin.mk