На Изложбата Владимир Темков ќе се претстави со 30 досега неизложувани слики од неговиот последен циклус.
Темков е роден во Кавадарци во 1959 год .Средно уметничко училиште и Педагошка академија завршува во Скопје во класата на професор Ванчо Георгиевски,а факултет за ликовни уметности -отсек графика дипломира во класата на проф. Др. Трајче Блажевски. Магистерски студии-отсек сликарство завршува на Факултет за ликовни уметности-Скопје во класата на проф. Благоја Маневски.
Оснивач и организатор е на Меѓународната Ликовна колонија ,,Кавадарци-Михајлово,, од 1996 година.
Добитник е на многу домашни и меѓународни признанија од областа на ликовната уметност. Има учествувано на голем број групни изложби, ликовни колонии, симпозиуми, семинари и др. Живее и работи во Кавадарци.
Самостојни изложби: 1983-Музеј галерија Кавадарци, 1984-Народна библиотека Охрид, 1987-Градски музеј-Вуковар, Хрватска, 1987-Дом на култура Борово, 1988-Галерија Амадеус Осиек Хрватска, 1988- Музеј галерија Кавадарци, 1989- Дом на култура Битола, 1990-Музеј Неготино, 1994- Музеј галерија Кавадарци, 1997-МКЦ(Младински културен центар) Кавадарци, 1999- Музеј галерија Кавадарци, 1999-Музеј Велес, 1999- Дом на култура Штип, 2000- Дом на култура Радовиш, 2000- Музеј галерија Панаѓуриште, Бугарија, 2000-Ликовен салон Пазарџик, Бугарија, 2000- Дом на култура Струмица, 2001- МКЦ(Младински културен центар) Кавадарци, 2002- Музеј галерија Кавадарци, 2003- Музеј галерија Велес, 2003-Галерија на ликовна уметност, Штип (Штипско културно лето), 2003- Дом на култур Дом на култура а Струмица, 2004-Хотел Југо Гевгелија, 005-Уметничка галерија Битола, 2006- Музеј галерија Кавадарци, 2008-Национална галерија Мала станица Скопје, 2008-МКЦ Софија, 2009-Градска галерија,Дом на култура „Иван Мазов –Климе“ Кавадарци, 2009-Градски музеј Штип, 2009- Дом на култура Крива Паланка, 2009- Дом на култура Кратово, 2010- Дом на култура Ресен, 2010- Дом на култура Кавадарци-Кавадарци град на култура 2010 свечено отварање, 2011- Дом на култура Свети Николе, 2011- Дом на култура Пробиштип, 2011-Парис Франција Македонска амбасада, 2011- Центар за култура Војдан Чернодрински-Градска галерија Прилеп, 2013-Ликовен проект„30 ГОДИНИ ЛИКОВНО ТВОРЕШТВО НА ВЛАДИМИР ТЕМКОВ“национална галерија на РМ-објект Мала Станица, -Ликовен салон„МАГАЗА“Битола, -Марко Цепенков градска галерија Прилеп, -Градска галерија Кавадарци, -Галерија Аполонија Гевгелија, Галерија при Дом на култура Мирка Гинова-Демир Капија, -Музеј на град Штип Галерија „АМАМ“, -GALLERY MC- New York,2014- Дом на култу Виница, 2014- Дом на култура Свети Николе, 2015- Дом на култура Кавадарци галерија„Иван Мазов –Климе“, 2015- Матица Ексклузив Скопје, 2015-Центар за култура Трајко Прокопиев Куманово, 2015-Музеј на град Кратово, 2015-КИЦ Скопје, 2015-Центар за култура Гостивар, 2016-Центар за култура Градска галерија Прилеп, 2016- Дом на култура Ресен, 2016- Дом на култура Илинден Скопје, 2016-Галерија Кастамону,Бурса,Измир,Р.Турција, 2016-Нови Пазар, Р.Србија. 2016-Ликовна група 5-Дом на култура Кавадарци, 2016-Охридско лето-Центар за култура Охрид, 2017-Галерија Магаза-Битола- Ликовна група 5, 2018-Самостојна изложба-отварање на Скопско лето-НЛБ Тутунска Банка-Скопје, 2018- Самостојна изложба-Матица Ексклузив-Салон на Матица Македонска-скопје, 2018 Самостојна изложба –Ликовен салон „АМАМ“призрен Косово, 2019-60 години живот-40 години творештво Дом на култура Кавадарци. 2020-Една година потоа-Изложба на дела создадени во последната година – Дом на култура Кавадарци, 2020-Изложба на дела Музеј неготино, 2020- Изложба на дела Ацо Караманов Радовиш, 2021- Самостојна изложба Големи и мали Дом на култура Кавадарци, 2021- Изложба на дела Центар за култура Марко цепенков Прилеп, 2021- Изложба на дела Центар за култура Бели мугри Кочани, 2021- Изложба на дела МКЦ Истанбул, 2021- Изложба на дела Дом на култура Виница, 2022- Изложба на дела Музеј галерија Кавадарци, 2022- Изложба на дела „25 Мај “Валандово, 2022- Самостојна изложба Бодрум,Турција.
Студиски престој:
2011-Студиски престој во Париз,Франција во Site Internationale Dez Arts Paris
2013-Македонски културен центар GALLERY MC New York
2014-Болу-Анкара Турција
2019- Студиски престој во Париз,Франција во Site Internationale Dez Arts Paris
Изложбата ќе биде отворена до 18.11.2024 година.