Изложба “Сонувајќи ја природата” на Стефан Малбашиќ

Сподели

 

На 22 декември во НУ Центар за култура Битола, самостојната изложба “Сонувајќи ја природата” на Стефан Малбашиќ, со почеток од 20 часот 
 
 
Природата како извор на инспирација и мотив за нешто убаво, секогаш е примарна но и трајна основа кај голем број уметници и творци од различни дејности. Во проектот „Сонувајќи ја природата“ од ликовниот уметник Стефан Малбашиќ, ќе биде презентирана природата во најубавиот сегмент. Односно преку убавината, нежноста и привлечноста на цветот, уметникот ќе не прошета низ полињата и убавините на Кенија.
 
Целата изложба и дела авторот ги црпи од неговиот престој во Кенија. Магепсан од убавините на природата и цвеќето како симбол на мир, убавина, нежност, невиност, посебно во бела боја, со својата уникатност на опстојување само во таа земја, го плени авторот и го мотивира да се искаже на платно.
 
На изложбата ќе бидат презентирани 15 до 20 уметнички дела, акрил на платно. Во склоп на проектот ќе се реализитаат и едукативни активности кои покрај презентативната улога, уште повеќе ќе ја популаризираат современата уметност меѓу младите, а и пошироката публика.