Изложба во Меморијалниот центар на Холокаустот

Сподели

 

Во рамки на одбележувањето на 80-годишнината од депортацијата на македонските Евреи во Треблинка, во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, поставена е и изложба на којашто, како претставник од Владата присуствуваше Роберт Алаѓозовски, национален координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка.

 

 

 

Изложбата е организирана од Државниот архив на Република Северна Македонија и од Институтот за национална историја и се состои, според информациите од организаторите, од 19 изложбени паноа, на коишто има претставено повеќе од 200 документи и фотографии, најголем дел од архивските фондови на Државниот архив, а поврзани со периоди од животот и функционирањето на Евреите во нашата држава.