Медицинските тимови од Клиниката за урологија и Клиниката за кардиохирургија, во 23 часот ја започнаа експлантацијата на бубрези и срце, од 44 годишна пациентка која попладнево е дијагностицирана со мозочна смрт.
Тројца пациенти ќе ги примат органите. Постапката за трансплантација на срцето и бубрезите започна после полноќ, по што ќе следи експлантацијата на коскени ткива.
Екипите за трансплантација од повеќе клиники работеа неколку часа на подготовка на донорот и реципиентите. Болничките координатори од КАРИЛ заедно со Министерството за здравство ја водеа целата постапка.
“Голема благодарност на семејството за несебичниот гест. Со нивната хуманост спасија три животи и подарија надеж за подобар живот на неколку пациенти кои се лекуваат на Клиниката за ортопедија.
Рано утрово срцето на 44 годишната пациентка чие семејство несебично ги донираше органите, почна повторно да чука. Следните денови се критични да се надеваме дека телото ќе го прифати новиот орган. Пациент кој неколку години боледува од тешка кардиоваскуларна болест добива шанса за нов живот. Во изминативе 24 часа околу 100 тина лекари, медицински сестри и болничари работеа заедно како тим и покажаа како беспрекорно функционира здравственитот ситем. Повеќе детали за трансплантацијата во текот на денот, ссопшти министерот за здравство”, Венко Филипче.