Државниотпазарен инспекторат контролираекономскисубјекти на цела територија на Република Северна Македонија по Одлука за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало бр. 41-3467/3 од 03.04.2023 и Одлука за изменување на одлуката за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало (Сл. Весник на РСМ бр. 78/23) донесена од страна на Владатакоја се однесува на цените на замрзнување на овошјето и зеленчукот и тоа на следните производи:
- до 95 денари за килограм свежи домати,
- до 95 денари за килограм свежи краставици,
- до 70 денари за килограмкромид,
- до 100 денари за килограм свежи зелени пиперки,
- до 95 денари за килограмграв,
- до 110 денари за килограмлеќа,
- до 75 денари за килограмбанани,
- до 60денари за килогрампортокали,
- до 65 денари за килограммандарини и
- до 60 денари за килограмлимони.
Во согласност со горенаведените Одлуки, на територија на цела Република Северна Македонија, од денот на донесување на Одлуките до сега, извршени се над 650 надзори и контроли и забележано е прекршувања на Одлуките кај 22 економски субјекти за што се издадени прекршочни платени налози во висина од над 1.300.000 денари.
Од надзорите е заклучено дека производите опфатени со овие Одлуки се продаваат по цени во согласност со последната изменета Одлука и повеќето од нив се достапни во продавниците и маркетите ширум земјава.
Дополнително, има постапки во тек од кои ќе се утврдува висината на казните на оние трговци кои ја прекршиле Одлуката. Инспекторите и понатаму се на терен!