Извршителите заработиле 23 милиони евра за пет години

Сподели

Сите извршители кои работат во Македонија за последните пет години имале вкупни приходи од 60 милиони евра, додека нивната добивка изнесува 23 милиони евра. Ова го покажуваат податоците од Централниот регистар, кој Телевизија 24 ги доби согласно новата одлука за отвореност на институцијата за новинарските истражувања.

 

Вкупни приходи и добивки на сите извршители за период од 2012 до 2016 година

 

Приходи 60 милиони евра

Добивка 23 милиони евра

извор: Централен регистар

 

На врвот на листите според најголеми приходи и добивка, во сите последни пет години се појавува името на Гордан Станковиќ – поранешн претседател на комората на извршители. Па така, Станковиќ за пет години имал вкупни приходи близу 3 милиони евра, додека остварил добивка од 1,3 милиони евра.

Извршител – Гордан Станковиќ

 

Приходи од 2012 до 2016 година 2,9 милиони евра

Добивка од 2012 до 2016 година 1,3 милиини евра

извор: Централен регистар

 

Еве како изгледале листите на извршители со најголеми приходи во последните пет години, за секоја година поединечно.

Во 2012 година, Станковиќ има приходи од половина милион евра, а заработка од 187 илајди евра. Додека приходите на извршителите Јакимовска, Буневски, Јованов, Деловска Мартиновска, Саветка Георгиева, Јулита Ѓеорѓиева, Кламатиева изнесуваат од 220 илјади евра до близу 300 илајди евра.

Десет извршители со најголеми приходи во 2012 година

приходи добивка

Гордан Станковиќ 510.000 евра 187.000 евра

Златко Пејовски 288.000 евра 97.000 евра

Весна Јакимовска 276.000 евра 131.000 евра

Андреја Буневски 272.000 евра 8.000 евра

Христо Јованов 272.000 евра 134.000 евра

Весна Деловска 259.000 евра 149.000 евра

Биљана Мартиновска 242.000 евра 122.000 евра

Саветка Георгиева 232.000 евра 90.000 евра

Јулита Ѓеоѓиева 226.000 евра 114.000 евра

Фанија Каламатиева 221.000 евра 3.000 евра

Извор Централен регистар

Во 2013 година Гордан Становиќ има приходи од 619 илјади евра а заработка од 314 илајди евра. На второ место е извршителот Анфдреја Буневски со приходи од 414 илајди евра, но пимал добивка од само 31 илјади евра. Останатите извршители Каламатиева, Џутеска, Коштанов, Николовски, Деловска и Јованов имале приходи од 229 илјади евра до 309 илјади евра.

Десет извршители со најголеми приходи во 2013 година

приходи добивка

Гордан Станковиќ 619.000 евра 326.000 евра

Андреја Буневски 414.000 евра 31.000 евра

Фанија Каламатиева 309.000 евра 7.500 евра

Весна Јакимовска 304.000 евра 112.000 евра

Гордана Џутеска 294.000 евра 145. 000 евра

Златко Пејовски 293.000 евра 66.000 евра

Антончо Коштанов 236.000 евра 99.000 евра

Благоја Николовски 231.000 евра 68.000 евра

Весна Деловска 230.000 евра 129.000 евра

Христо Јованов 229.000 евра 100.000 евра

Извор Централен регистар

Во 2014 година Гордан Станковиќ – имал приходи од повеќе од половина милион евра а заработка од 272 илјади евра. Зад него повторное извршителот Андреја Буневски со приходи од 379 илајди евра но заработка од 31 илајди евра. Останатите извршители Џутеска, Каламатиева, Јакимовска, Петресеки, Давидовиќ Георгиева и Јованов имаат приходи од 230 илајди евра до 303 илјади евра, но далеку помали добивки.

Десет извршители со најголеми приходи во 2014 година

приходи добивка

Гордан Станковиќ 594.000 евра 272.000 евра

Андреја Буневски 379.000 евра 31.000 евра

Гордана Џутеска 303.000 евра 165.000 евра

Фанија Каламатиева 290.000 евра 7.000 евра

Весна Јакимовска 267.000 евра 64.000 евра

Зоран Петрески 253.000 евра 55.000 евра

Златко Пејовски 253.000 евра 25.000 евра

Магдалена Давидовиќ 244.000 евра 96.000 евра

Саветка Георгиева 240.000 евра 79.000 евра

Љупчо Јованов 230.000 евра 88.000 евра

Извор Централен регистар

Во 2015 година, Гордан Станковиќ имал приходи од 591 илјади евра, а добивка од 298 илјади евра. Следена е Зоран Петрески со приходи од 415 илјади евра а добивка од 178 илјаид евра. Останатите извршители, Буневски, Каламатиева, Џутеска, Андреевска, Деловска, Јкаимовска, Јованов и Георгиева имаат приходи од 231 илјади евра до 357 илајди евра и добивки до 130 илјади евра.

Десет извршители со најголеми приходи во 2015 година

приходи добивка

Гордан Станковиќ 591.000 евра 298.000 евра

Зоран Петрески 415.000 евра 178.000 евра

Андреја Буневски 357.000 евра 54.000 евра

Фанија Каламатиева 335.000 евра 22.000 евра

Гордана Џутеска 288.000 евра 130.000 евра

Снежана Андреевска 270.000 евра 23.000 евра

Весна Деловска 249.000 евра 128.000 евра

Весна Јакимовска 245.000 евра 54.000 евра

Љупчо Јованов 234.000 евра 73.000 евра

Саветка Георгиева 231.000 евра 64.000 евра

извор Централен регистар

Минатата година пак Гордан Станковиќ имала приходи од 598 илјади евра а заработка од 267 илајди евра. Извршителот Зоран Петрески, кој беше и претсетадел на Комората на извршитело до пред извесно време имал приходи од 503 илајди евра а заработка од 227 илајди евра. Останатите извршители Адреевска, Џутеска, Буневски, Каламатиева, Страчкова, Јакимовска, Давидовиќ и Јованов имале приходи 252 илјади евра па се до 415 илјади евра а нивните добвки се двиќат пд 221 евра до 184 илјади евра.

Десет извршители со најголеми приходи во 2016 година

приходи добивка

Гордан Станковиќ 598.000 евра 267.000 евра

Зоран Петрески 503.000 евра 227.000 евра

Снежана Андреевска 415.000 евра 47.000 евра

Гордана Џутеска 381.000 евра 184.000 евра

Андреја Буневски 377.000 евра 221 евра

Фанија Каламатиева 352.000 евра 32.000 евра

Даница Страчкова 344.000 евра 82.000 евра

Весна Јакимовска 298.000 евра 62.000 евра

Магдалена Давидовиќ 260.000 евра 115.000 евра

Љупчо Јованов 252.000 евра 88.000 евра

извор Централен регистар

Според овие податоци во последните пет години, на листата на извршители со најголеми приходи најчесто се појавуваат истите имиња на извршителите.

24ВЕСТИ