Јанчев, Богданов, Мијалков и Никола Тодоров исклучени од партијата

Сподели

Освен Митко Јанчев кој е разрешен од позицијата потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната седница на Централниот комитет, и членот на извршниот комитет Костадин Богданов, Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе предлог да бидат исклучени и Сашо Мијалков и Никола Тодоров.

За нив и за другите членови кои што го нарушиле партискиот статут конечен збор треба да дадат оштинските комитети.

ЦК на партијата побара и осумте пратеници кои беа на листата на коалицијата,  а како што рече Николовски, го изневерија народот, веднаш да поднесат оставка бидејќи работат спротивно на волјата на граѓаните.

„Имавме длабока анализа на внатрешно прочистување и разјаснување и од денес нема ништо да биде исто“, рече Николовски

Христијан Мицкоски останува претседател на ВМРО-ДПМНЕ.