Јанева: Никогаш не сум била член на СДСМ, уплатницата за членство е лажна

Сподели

 

katica-2

“Никогаш не сум била член на политичката партија СДСМ ниту, пак, сум извршила уплата за наводна верификација за членство во оваа политичка партија”, вели специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во реакцијата по повод пишувањата на дел од медиумите за нејзиното наводно членство во опозициската партија.

Јанева вели дека документите што вчера ги објави дневниот весник „Вечер“ се невистинити, а од СЈО упатија апел до надлежните органи „да ја испитаат злоупотребата на личните податоци на специјалната јавна обвинителка, со оглед дека во изминатиот период ваквата злоупотреба се повторува“.

„Вечер“ вчера објави напис во кој, повикувајќи се на уплатница од банка, се тврди дека Јанева во јули минатата година уплатила 400 денари за верификација на членството во СДСМ.

„Апелираме медиумите во иднина пред да објават вести во кои се повикуваат на наводни документи, да ја проверат веродостојноста на документите на кои се повикуваат од субјектите посочени како нивни издавачи, а во насока на правилно и точно информирање на јавноста“, стои во денешното соопштение од кабинетот на Јанева.