Јанева: Се сомневаме дека Панчевски местел предмети

Сподели

Заврши претресот на СЈО во канцелариите на екс претседателот на Кривичен суд, Владимир Панчевски. Одземен е неговиот персонален компјутер, а извршен е претрес и во неговиот дом и кај двајца информатичари вработени во судот.

СЈО се сомнева дека Панчевски местел предмети да се паднат кај одредени судии. Јанева посочи дека сомнежите за предистражната постапка се добиени од прислушувани разговори кои не се директно поврзани со екс-шефот на Кривичен, Владимир Панчевски.