Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, вчера со полициска придружба беше спроведена во затворот Идризово.
Јанкуловска е осудена на 4 години затвор, поради злоупотреба на службената положба и овластувања поради тоа што му наложила на помошникот-министер во МВР Ѓоко Поповски да го намести тендерот и со пари од буџетот на полицијата, да купи мерцедес од 600.000 евра.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Јанкуловска е жртва на прогон и политичка пресметка.
„Јанкуловска е жртва на неправдите на Заев и нејзиното одење во затвор е политичка пресметка и нарачка на мафијашот Заев со опозицијата“ – велат од партијата.
Против Јанкуловска во Кривичниот суд има уште два други предмети, „Таргет – Тврдина“ и „Титаник“, за злоупотреба на службената должност.
