Мили мои, денес почнува Културно-забавната манифестација со хуманитарен карактер „ Јас сум Цако“, во Јавна соба, на ул 50-та дивизија бр.22, со почеток во 17 ч.
Повелете Програма за првиот ден. Ве очекуваме
- Најава
- Проекција на видеото “Кој е автор на оваа песна”
- Трибина тема: Влијанието на медиумите и лицата со попреченост
- Сузана Турунџиева, Нејбоша Илиевски, Јелена Спенџарска
- Модератор: Марга Велевска
- Бени Шаќири- Нон стоп
Донаторска кутија за Марга и Јоце и продажна изложба на делата на Елизабета Петковска.
Проектот за граѓанско учество на УСАИД попладне во „Јавна соба“ ќе го одбележи почетокот на тридневниот настан „Јас сум Цако“ во организација на Александар Матовски, добитник на наградата за младинско учество за 2016 година.