Оваа година ќе се одржи 17-та по ред „БЕЛА НОЌ“.
За таа цел ЈУ Универзална сала – Скопје и Град Скопје, распишуваат ЈАВЕН ПОВИК за учесници на оваа целовечерна културна манифестација на Град Скопје.
Годинава, како и секоја БЕЛА НОЌ, ќе бидат опфатени следниве области: визуелни уметности (ликовна уметност, фотографија, инсталација, видеоарт, стрип) како и применети уметности (архитектура, визуелен/индустриски/веб дизајн, мода, дигитални креации, видеоарт и инсталации), музика, филм, проекции и јавна уметност и урбани изведби и перформанси.
Селекцијата ќе биде направена од страна на организаторите. Учесниците ќе бидат селектирани врз основ на поднесените апликации. Квалитетот, иновацијата и карактерот во опсег на предложениот концепт, ќе бидат главните критериуми при селекцијата на апликациите. Дополнително, дозволени се сите уметнички форми и медиуми без разлика на избор на инструменти и техники.
Поднесени пријави треба да се осмислени така што ќе постои можност за истите да бидат применети мерките за заштита од Ковид – 19 кои ќе бидат активни на денот на реализација на настанот.
За учество во БЕЛА НОЌ 2021 потребно е да се достават следниве документи:
– Биографија со личните податоци за уметникот/изведувачот или групата
– Опис на проектот, учесници/избор на учесници и активности
– Финансиска конструкција на проектот
Пријавата треба да биде испратени најдоцна до 01.09.2021 година, на следнава адреса: ЈУ Универзална сала Скопје, со назнака (ЗА БЕЛА НОЌ 2021), Бул. Партизански одреди бр. 22 (Библиотека Браќа Миладиновци) 1000 Скопје, Северна Македонија или по пат на електронска пошта на: belanok@univerzalna.com.mk