Јавен состанок на АВМУ за 2023 година

Сподели

 

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денеска ќе го одржи првиот јавен состанок на кој ќе биде презентиран извештајот за реализираните активности во првиот квартал од оваа година.

На состанокот ќе бидат претставени и наодите од Aнализите на родовите прашања и начинот на прикажување и претставување на жените и на мажите во забавните програми на радиодифузерите во 2022 година, по што е предвидена панел дискусија, информираат од АВМУ.