На 19. декември во просториите на Млади хаб – канцеларија на Претседателот, на Рекорд во Скопје, со почеток од 19.00 часот ќе се одржи јавна дискусија: “Ќе те пратам кај психологот – Казна, закана или поддршка”, имплементирана од Здружение на граѓани Младите можат.
Преку овој настан, Младите можат сака да поттикне дискусија за улогата на училишните психолози во негување на менталното здравје кај младите во образовниот процес.
Според податоците од истражувањето за менталното здравје кај среднишколците во Скопје, спроведено во април 2019година, 32,9% од средношколците од Скопје, го посетиле/биле пратени кај училишниот психолог заради недисциплинираност, а 15% заради голем број на изостаноци.
Резултатите од истражувањето, како и целата дискусија ќе бидат презентирани и водени од Анита Николовска – Извршен директор на Младите можат.
denesmagazin.mk