Владата на својата интернет-страница за поголема транспарентност ги објави платите на вработените во кабинетот на премиерот Зоран Заев, но и на надворешните соработници.
Највисока плата има поранешниот разузнавач Зоран Верушевски, кој како советник за национална безбедност заработува 74.618 денари. Платите на другите советници се во просек од 55.000 денари.
Новиот состав на советници е значително намален од претходниот кој броеше 56 лица и сега има вкупно 23 членови.