ЈОГАТА како ТЕРАПИЈА за ослободување од ДЕПРЕСИЈА

Сподели

Терминот “депресија” не значи да се биде само тажен и потиштен. Тагата е чувство што сите луѓе ја чувствуваат од време на време. Депресијата се разликува од жалоста и од нормалните и здрави реакции при губење, било на сакана особа, куќно милениче, работа, дом или нечие здравје. Бидејќи стресот е главен виновник на депресијата, а во ова модерно време стресот стана непријател број еден, делотворноста на јогата како терапија се однесува токму на тоа што несомнено ослободува од напнатост. Кај луѓето кои се депресивни и анксиозни симпатичкиот нервен систем е постојано активен и зголемено е нивото на кортизолот, хормонот на стресот. Јогата докажано го намалува нивото на кортизолот, што е главна причина за подобрување на расположението по вежбањето.Битката против депресијата треба да се води на повеќе фронта. Современите теории како и праксата, нагласуваат дека физичката активност мора да биде составен дел на терапијата. Американски истражувачи од медицинскиот факултет во Бостон докажале дека јогата има најголем позитивен ефект на нашето расположение од каков било друг вид телесна активност. Преку неа се подобрува протокот на крвта во мозокот, се подобрува расположението, самодовербата и се намалува стресот. Дури и кога вежбањето се практикува без лекарства, може да се остварат изненадувачки резултати бидејќи ефектите од јогата се покажале идентични како оние на антидепресивите и психотерапијата кај многумина испитаници.

Депресијата може да се карактеризира низ три термини од јогата и ајурведата, трите гуни или трите одлики: сатва, раџас и тамас. Сите активности во материјалниот свет се одвиваат поради меѓусебна интеракција на овие три моќни сили. Сатва е моќта на хармонијата, рамнотежата, светлината и интелигенцијата (повисоката или духовната енергија). Раџас е моќта на движењето, делувањето, активноста и промената (високата или животната енергија).Тамас е моќта на инерцијата, летаргијата, темнината и материјализмот (ниската или материјална енергија). Трите гуни проникнуваат во севкупната креација, а влијаат и на нас. Секој човек делува во зависност од тоа која гуна влијае на него. Гуните се меѓусебно поврзани, поради тоа нема личност на која делува само една гуна. На секој од нас делува комбинација од гуни, но само една од нив преовладува.Негувањето на сатва е цел на јогата.

Тргнувајќи од ова сознание, од јогиска перспеспектива депресијата исто така можеме да ја карактеризираме низ овие три термини. Тамасот како тип на депресија подразбира умртвеност, чувство на безнадежност и меланхолија. Вообичаени се напади на плачење. Личоста наутро тешко станува од кревет, не чувствува животна снага, не се чувствува моќно. Луѓето кои патат од тамасична депресија обичо имаат свиткани рамена, одат подгрбавено, изгледаат истоштено и безизразно, дишат плитко, напнати се во пределот на стомакот. Можат да се споредат со издишан балон. Доведувањето воздух во издишаниот балон е значаен лек кој јогата може да го понуди. На овие луѓе им недостасува прана (животна енергија), па за нив се препорачува целосно јогиско дишење и неколкукратно изведување на сетот асани Поздрав на сонцето (Surya Namaskar).Помагаат и сите вежби кои се со извиткување наназад како свеќа и мост (sarvangasanaи setubandha). Енергичните вежби го будат телото и ослободуваат од летаргија. По вежбите треба да следи релаксација со концентрација на ефектите од вежбата по телото, бидејќи во спротивно би можеле да одлутаат во црни мисли. По истата логика за да не се одлута во темнината, вежбите за дишење и медитацијата се работат со отворени или полуотворени очи.

Раџасот како тип на депресија подразбира вознемиреност. Мислите кај овие луѓе им се забрзани и понекогаш неповрзани, лути се и вознемирени. Често не можат да стојат мирно, мрдаат со прстите, дури и кога се обидуваат да се опуштат за време на вежбите за релаксација. Здивот им е забрзан и неправилен. Изгледаат како стисната тупаница. Се препорачува да се сосредоточат на издишувањето, да се обидат да издишуваат долго и мирно замислувајќи како здивот им ги опушта мускулите и постепено се отвара стиснатата тупаница. Просторот кој се шири во градите се отсликува и на ширење на менталниот простор. Кај раџасичната депресија исто така помага сетот асани Поздрав на сонцетои вежбите со извиткување наназад. Интензивните и тешки вежби се работат на почетокот за да можат да ја “согорат” нервозата и да го смират умот, па потоа се работат релаксирачки асани и асани со обратна положба.

Исто така кај многу луѓе кои се во депресија мантрањето како пракса им носи олеснување на состојбата. Мантрите делуваат уште посилно ако се работат во група.

Јогата нуди не само ослободување од напнатоста и обновување на енергијата туку исто така и смисла и цел на живеењето. Праксата на хата јогата е многу ефикасна и почнува да делува многу брзо.

Ако одлучите јогата да биде дел од вашиот пат за ослободување од депресијата, имајте верба, бидете трпеливи и посветени на оваа пракса. И самата верба може да биде исцелувачка. Може да се случи јогата да го подигне расположението и тоа да трае цел ден или само еден час. Но она што останува е сеќавањето на тој момент, а тоа сеќавање е искра која ќе ве наведе повторно да вежбате. Вербата во јогата не е заснована на догма, туку се јавува кога ќе искусите дека она што го работите делува.

Сепак депресивниот човек страда од недостаток на волја. Сам ретко ќе посегне по јога простирката да направи неколку вежби за подобрување на своето расположение. И да му успее еднаш, тоа во ретки случаи се случува повторно. А за трајни подобрувања и излез од овие несакани состојби  потребна е дисциплина. Од друга страна, бројни истражувања покажале дека оние кои практикувале јога во група имале значајно намалување на симптомите на депресијата и анксиозноста. Социјализацијата е нешто што и дава на личноста чувство на припадност и повисоки вредности, а придружено со поддршката од групата и од инструкторот резултатите во борбата против овие состојби се и повеќе од очекувани.

Еден холистички час за надминување на овие состојби во Студиото за јога и личен развој Делфи Спирит се состои од:

  • јога нидра, техника за ментално опуштање на телото и доведување на умот во состојба да креира позитивни афирмации,
  • посебни секвенци на асани (телсени вежби) за регулирање на хормонската нерамнотежа како и за повторно поврзување на умот и телото и обновување на психофизиолошкиот оклоп во телото кој го спречува слободното движење на енергијата,
  • техники за дишење за намалување на нивото на стрес, смирување на умот и подобрување на расположението,
  • водена медитација,
  • техники за олеснување од менталниот и емотивниот набој по Kлиринг методот,
  • препораки за користење на јога техники во домашни услови за отстранување на физичката млитавост и енергетските блокади и остварување пријатно чувство и леснотија во умот и телото.

Часовите во студиото за јога и личен развој Делфи Спирит се одржуваат во пријатен амбиент и релаксирачка музика. Се работи во мали групи од најмногу десетина практиканти.


Часот по јога под водство на искусен инструктор кој ве води низ сите негови фази е незаменлив кога станува збор за надминување на состојбата на депресивност, но сепак во продолжение ќе ви проследиме  неколку јога асани кои можете да ги работите во домашни услови доколку сакате да бидете сами со себе или пак кога ќе забележите дека запаѓате во состојба на потиштеност и лошо расположение да го сопрете процесот на подлабоко навлегување во несаканата состојба.

  1. Surya Namaskar(Поздрав на сонцето)

Започнете го вежбањето со Поздрав на сонцето. Иако оваа вежба бара избалансирани движења, доколку патите од депресија не мора премногу да мислите на формата. Поважно е да го сосредоточите вниманието на дишењето.Направете ја 3 до 5 пати.

  1. Drutahalasana (динамична положба на плуг).

Уште една динамична вежба која се состои од преминување од една (плуг – halasana) во друга асана (штипалка – paschimottasana) повеќе пати. Бидете внимателни доколку имате проблеми со грбот и вратот.

Легнете на грб со рацете над главата и прстите преплетени. Зафрлете ги брзо нозете над главата и со прстите од нозете допрете го подот (halasana -плуг). Брзо вратете се во лежечка положба и веднаш дигнете го трупот и преклопете го напред во paschimottasana(штипалка). Држете ги нозете исправени во колената и обидете се со челото да ги допрете колената. Завземете седечка положба и повторете го истито со изедначени и елегантни движења. Направете го целиот сет 10 пати.

Дишење: вдишете длабоко и издишете потполно пред почетокот. Задржете ги празни белите дробови додека се свиткувате. Вдишете во статичната положба.

  1. Sarvangasana (стој на рамена или свеќа).

Легнете на грб со споени стапала. Рацете поставете ги покрај телото, со дланките свртени конподот. Користејќи ги рацете како лост полека подигнете ги нозете и грбот во вертикална положба. Свиткајте ги лактите користејќи ги рацете како потпора за да го зацврстите грбот, притискајќи го со дланките. Трупот и нозете би требало да стојат под прав агол во однос на вратот, брадата притиска на градната коска.

Дишење: задржете го здивот додека ја завземате положбата и исто така додека се враќате од положбата. Дишете спонтано додека стабилно ја одржувате крајната положба.

Траење: почетниците треба да ја држат оваа положба неколку секунди и постепено да додаваат по неколку секунди дневно, се додека не дојдат до 3-5 минути. Концентрацијата држете ја на дишењето.

Од оваа положба прејдете веднаш на наредната:

  1. Halasana (плуг)

Од положбата на свеќа (sarvangasana)полека спуштете ги нозете преку глава и допрете го подот со прстите од двете нозе. Држете ги нозете исправено. Задржете се во оваа завршната положба колку ви е удобно. Дишете полека и длабоко. Задржете го здивот додека се враќате назад во лежечка положба. Додека сте во положбата концентрацијата држете ја на дишењетоили на стомакот, опуштајќи ги мускулите на грбот.

  1. Shashankasana(положба на месечина)

Седнете во јапонски седили дијамантски став(vajrasan)и ставете ги дланките на колена. На вдишување подигнете ги рацете така да бидат испружени вертикално над главата. На издишување свиткаје го телото напред. Во завршната положба челото и рацете треба да се потпрени на подот испред телото. Задржете го здивот колку ви е удобно а потоа на вдишување вратете се се во вертикалната положба. Повторете ја оваа вежба 10 пати. Потоа останете во спуштената положба 5 вдишувања и издишувања  дишејќи спонтано, со концентрација на здивот.

  1. Bhujangasana(кобра)

Легнете на стомак, спојте ги нозете и држете ги испружени една покрај друга. Челото поставете го на подот. Ставете ги дланките на под испод рамената. Опуштете го телото. Полека подигнете ги главата и рамената  од подот, свиткувајќи ја главата наназад колку што е можно повеќе. Настојувајте да ги подигнете рамената без употреба на рацете, користејќи ги само грбните мускули. При крајот потпрете се на рацете и продолжете да се свиткувате наназад, додека рацетет не се се исправат. Папокот би требало да остане на подот. Држете ја оваа положба колку можете без напор. Повторете ја вежбата 5 пати и одморете се во лежечка положба.

Дишење: вдишете длабоко додека го подигате телото од подот. Дишете спонтано во завршната положба. Доколку завршната положба ја држите кратко, задржете го здивот. Кога се враќате назад во лежечка положба издишете долго и бaвно. Концентрацијата држете на дишењето или на сензациите кои доаѓаат од телото. По оваа вежба изведете ја следната.

  1. Shalabhasana (скакулец)

Легнете на стомак. Палците ставете ги во тупаница, а тупаниците под пубичната коска. Брадата оставете ја на подот. Спојте ги нозете и подигнете ги заедно со стомакот колку можете, без да ги свиткате колената. Повторете ја вежбата 5 пати.

Дишење: вдишете длабоко додека лежите. Задржете го воздухот додека ги подигате нозете и стомакот. Издишете додека се враќате во почетната позиција. Концентрацијата држете ја на стомакот, долниот дел од грбот и срцето.

  1. Anandamadirasana (положба на блаженство)

Седнете во јапонски сед и поставете ги дланките на петите. Држете го телото исправено и фиксирајте го погледот на точката помеѓу веѓите. Дишете бавно и длабоко, концентрирајќи се на процесот на дишењето. Останете во оваа положба што подолго време. Оваа вежба особено го опушта нервниот систем и го смирува умот.

  1. Shavasana (положба за релаксација)

Легнете на грб, со рацете покрај телото и дланките свртени нагоре. Нека нозете бидат благо раширени. Затворете ги очите и опуштете го целото тело. Станете свесни за дишењето, свесни за секое вдишување и секое издишување. Почнете со одбројување на секој здив: вдишувам 1, издишувам 1. Вдишувам 2, издишувам 2 итн. Продолжете да броите неколку минути. Доколку умот почне да лута, вратете го повторно на одбројувањето. Ако успеете да го задржите умот на здивот неколку минути, умот и телото ќе се опуштат и смират. Оваа асана го опушта целиот психофизички систем. Идеално е да се вежба пред спиење, пред и за време на вежбањето, а особено после динамичните вежби како Поздрав на сонцето.

На крај ќе го споменеме Патанџали (таткото на јогата) кои во своите Јога Сутри ги објаснува начините на лечење на сите  болести преку јога вежбите. Сепак доколку не се следи соодветна исхрана и дисциплиран начин на живот, древните текстови велат дека нема да дојде до значаен напредок.

Доколку овие информации драги читатели побудија интерес кај вас и отворија некои прашања бидете слободни и обратете ни се на k.angelovik@gmail.comили во inboxнa facebook профилот на студиото за јога: Delfy Spirit, ќе се обидеме да го задоволиме вашиот интерес.
Текстот го подготви инструктор по јога и лајф коуч тренер
Катерина Сековска – Анѓеловиќ.

Контакт телефон: 075 436 070

zdravjeizivot.mk