Собранието денеска го избра координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески за нов претседател на Парламентот. Митрески беше избран со 64 гласови „за“ и 40 „против“. Немаше воздржани пратеници.
Со 64 гласови ЗА и 40 против од опозицијата, пратеникот Јован Митрески е избран за претседател на Собранието на Македонија, кој на таа функција според меѓупартискиот договор, треба да остане до крајот на мандатот на овој парламентарен состав.
Претходно, пратениците ја констатираа оставката на Арбен Џафери од претседателската функција, а кој се очекува да стане претседател на техничката Влада.
Констатирана е и оставката на лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски од премиерската функција.