Во рамките на своите активности ЈП Лајка ја започнува својата кампања за одговорно сопствеништво.
Преку оваа кампања, акцентот го ставаме на потребата од стерилизација и микрочипирање на милениците како едни од основните мерки за намалување на популацијата бездомни животни.
Секој одговорен сопственик треба да го микрочипира своето куче и неговото напуштање е казниво со закон.
ВЕТЕРИНАРНА ГРИЖA: Редовни прегледи кај ветеринар;
Редовна ВАКЦИНАЦИЈА: Вакцина против беснило која е задолжителна законски и вакцини против заразни болести;
Редовно ПРОЧИСТУВАЊЕ од внатрешни и надворешни паразити;
ОДДРЖУВАЊЕ НА ЗДРАВА ТЕЛЕСНА ТЕЖИНА: хранење со соодветна храна и редовно напојување со свежа вода;
СООДВЕТНО МЕСТО ЗА ЖИВЕЕЊЕ во внатрешни или надворешни услови со цел заштита при ниски или високи температури;
ФИЗИЧКИ АКТИВНО КУЧЕ Е ЗДРАВО И СРЕЌНО КУЧЕ и затоа советуваме редовни прошетки и физичка активност;
СОЦИЈАЛИЗАЦИЈА: Редовниот контакт со луѓе и други миленици ги прави самоуверени и посреќни;
ГРИЖА ЗА ХИГИЕНА: Редовно бањање, чешлање, посета на грумер.