Стерилизациите и тестирањата на сите бездомни кучиња на територијата на град Скопје се бесплатни, соопштуваат од ЈП ЛАЈКА.
По многубројните пораки и прашања од хумани граѓани сакаме да информираме дека за услугите ЈП Лајка не неплаќа дополнително, напротив вдомувањата се бесплатни и граѓаните не плаќаат никаков надоместок за тоа.
Пријавувајќи бездомни кучиња за стерилизација како хумани и совесни граѓани придонесувате во намалување на популацијата на бездомни кучиња на територија на град Скопје.
Ветеринарните интервенции како стерилизација/кастрација кои се спроведуваат во Ветеринарната служба на прифатилиштето на ЈП Лајка се извршуваат во современо опремена сала за оперативни зафати од тој тип со соодветни техничко хигиенски услови и стручен кадар со цел обезбедување целосна заштита од инфекции на кучињата при изведба на овие ветеринарни практики и хуман третман на бездомните кучиња.
Пријавете маалски миленик за БЕСПЛАТНА стерилизација на info@lajka.com.mk.