Оштетени, искршени и откорнати клупи, расфрлени во зеленилото во парк Мкедонија, е сликата која утрово нашите екипи ја затекнаа во паркот.
За жал вакви глетки на уништена парковска опрема се сé почеста појава во градот, информираат од ЈП Паркови и зеленило.
Упатуваме осуда кон ваквото вандалско уништување на поставената урбана опрема низ зеленилото и апелираме истата да се чува како општо јавно добро за сите посетители.