Од утре ќе важат бесплатните годишни средношколски билети за јавниот превоз

Сподели

 

ЈСП информира дека од утре, 1.септември, повторно ќе важат бесплатните годишни средношколски билети за користење на јавниот превоз.

Потсетуваме дека од пред три месеца во функција се и бесплатните годишни студентски билети, а и натаму не важи одлуката за бесплатен превоз за возрасни лица (жени со 62 год, мажи со 64 год) во вторник, петок, сабота и недела – стои во соопштението на ЈСП.