ЈСП: Средношколците ќе ги добијат билетите за бесплатен превоз во училиште

Сподели

 

Учениците од прва година средно образование кои ги исполнуваат условите за бесплатен превоз (ученици во средни училишта, чиј основач е Град Скопје), билетите ќе ги добијат во матичните училишта. Всушност, сега ќе им бидат дадени времени билети, кои во меѓувреме ќе бидат заменети со „Скопска“, информираат од ЈСП.

Учениците од повисоките одделенија, во случај да имаат потреба од нова персонализирана електронска картичка „Скопска“ (поради изгубена картичка и слично), нова/дупликат можат да обезбедат во кој било центар за персонализација на ЈСП Скопје.

Притоа, неопходно е да достават потврда од училиште и да платат еднократен надомест од 200 ден за изработка на картичката.

Билетите за бесплатно користење на јавен превоз, важат за сите линии (градски и приградски) во период од 05 до 24 часот, односно, единствено не важат за користење на ноќни линии.