Каевски: Бесир ќе биде награден од Агенцијата за млади и спорт со 1 милион денари

Сподели

 

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, преку својот фејсбук профил ја информирапе јавноста дека се сретнал со Бесир Алили кој се врати со златен медал од Европското Првенство за кадети во Фиренца, Италија и напиша дека агенцијата ќе го награди Алили еднократно со  еден милион денари.

-Во мое име и во името на Агенцијата за млади и спорт имав чест да му честитам на златното момче Бесир Алили кој ни се врати со златен медал од Европското Првенство за кадети во Фиренца, Италија.

Во мое име и во името на Агенцијата за млади и спорт имав чест да му честитам на златното момче Бесир Алили кој се врати со златен медал од Европското Првенство за кадети во Фиренца, Италија.

Драго ми е што Бесир е дел од програмата при АМС за млади спортски надежи која што секојдневно стручно ги следи 30 тина индивидуални спортисти од Олимписките спортови и ги поддржува да партиципираат на големи натпреварувања како ова Европско првенство.

Бесир за овој голем подвиг ќе биде награден еднократнo од страна на Агенцијата за млади и спорт со 1 милион денари.

Во наредниот период, очекувам нашиот Бесир да тренира напорно, и да ги слуша советите на неговиот тренер и со максимална посветеност еден ден да ги наследи големите имиња кои претставувале основа и придонеле во развојот на борењето во нашата држава.

ФБ статус, Дарко Каевски