Кафе-дебата: Жената како политички актер

Сподели

„Жената како политички актер: меѓу легислативата и практиката“ е тема на денешната кафе-дебата што ја организира Европското движење во Република Македонија (ЕДРМ) во пресрет на Денот на жената.

На дебата ќе се отворат прашања за родовата еднаквост која, според ЕДРМ, се воведува на голема врата во Република Македонија, пред се како модел на модерно демократско општество какво што континуирано се гради изминатите 25 години.

– Родовата еднаквост е и дел од официјалната политика на Европската унија, односно еден од неопходните услови за зацврстување на евроинтегративниот процес, кој е наша стратешка определба, наведува ЕДРМ во најавата за настанот.

На кафе-дебатата ќе учествуваат универзитетскиот професор Денко Скаловски, претседателката на СОЖМ Савка Тодорова, Даниела Димитриевска од Македонското женско лоби, поранешна пратеничка Марија Ангелова, професор Ѓулумсер Касапи и универзитетската професорка на Институтот за социологија на Филозофскиот факултет во Скопје Милева Ѓуровска.