Каква била „Ноќта на долгите ножеви“ што ја посакува Валентина Божиновска?

Сподели

Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религозни групи, Валентина Божиновска, настапи со заканувачки говор на омраза и со хушкачка реторика велејќи дека собирот пред ДИК е „вечер на ножевите“.

– Да ги поздравам бранителите, оваа вечер е вечер на ножевите, оваа вечер е вечер или на разумот или на лудилото на еден човек. На последниот македонски предавник Зоран Заев … Ќе се случи еден ден во кој ќе кажеме „елате браќа и сестри да се собереме и да тргнеме, да видиме кој ќе ни биде цар, а кој шпион…“ – рече Божиновска.

Инаку, „Ноќта на долгите ножеви“ е име на чистката во нацистичка Германија од 30 јуни до 2 јули 1934 година, кога приврзаниците на Адолф Хитлер извршија серија екгзекуции на неистомисленици.

Во операцијата позната и како „Колибри“, најмалку 85 лица беа убиени, а илјадници завршија в затвор со асистенција на единиците на злогласниот СС, Гестапо и на тајната полиција.

Во тие неколку ноќи Хитлер ги активираше одредите за егзекуција и ја изврши чистката која го промовираше како врховен судија на германскиот народ, ја стави војската под целосна контрола и му ја зголеми популарноста кај средната класа која бараше „ред и закон“.

meta.mk