Сталин го повикал политбирото на вечера. Штом ја сервирале супата, тој со остар глас им наредил: „Почнете да јадете“. Сите јаделе без да изговорат ниту збор од страв да не му згрешат нешто оти тоа ти станува последно јадење. Штом завршиле со супата, Сталин сега со мек тон ги прашал: „А не се прашувате зошто јас не јадам, а?“ Пак никој ништо не кажал! „Значи молчите, а! Епа да знаете дека супата беше отровна“. Гостите се запрепастиле, но пак глас не пуштиле. Потоа гласна смеење на Сталин – „Кој знае какви ви се гаќите сега“?! И почнал да ја јаде супата.
Дали таков страв е во прашање што никој од вмровското политбиро нема храброст да му каже на Груевски дека со неговата камиказ-политика е на пат сите да не отруе!? Дека тој по своја вина ги доведе луѓето, државата, партија и себеси до пропаст! Дека целиот регион е во прашање! Напротив, тие се натпреваруваат во поддршката на злото. Или можеби тоа е така поради пирамидално поделениот плен! Истиот тој плен, што режимските медиуми ги тера кога зборуваат за среќата на кокошките, на емисија да ја викнат лисицата.
А како работите ќе се одвиваат понатаму? Едно е сигурно, а тоа е дека ваквата грч состојба не може да трае предолго. Тоа води кон тотална поларизација на мнозинството население и малобројните агресивни поддржувачи на кражбата (херои на зачувувањето на криминалот). Мал инцидент и се ќе заврши по ѓаволите. А криминалот направи ѓаволот да влезе и под свештеничка мантија! Оти таму кај што се режимските пари нема место ни за правда, ни за морал, ни за достоинтство, а најмалку за Господ. Тие не знаат какво зло им нанесе оваа власт во вид на елемнтарна непогода. Од држава пример во регионот направи последна на светот. Од регионален крстопат направи држава во слеп пат. Пропаднаа сите проекти од Коридорот 8, гасоводот, далноводната мреже и многу што. Загубивме стотина милјардии кои ни беа на дофат. Гасоводот ТАП што е најголемата инвестиција во регионот во последните сто години, во 2008 се предвидуваше да помине низ Македонија, а сега веќе интензивно се гради низ северна Грција и јужна Албанија! Груевски остана само со Александар Велики, кој низ векови ќе служи како наш Ѕид на плачот.
Наскоро се можни персонални, но и државни санкции. Тогаш ќе нема плати и пензии, и токму тие што протестираат нервозни ќе се упатат кон мистериозната зграда на ДПМНЕ. Тие веќе се уморни што некој ги вреднува колку што чини еден сендвич или шал од 200 денари, а треба да бранат украдени милјарди од нив и од нивните деца. А самите некои од нив не знаат дали се на овој свет за да живеат или за да преживеат. Исто така огромна маса луѓе гледа дека државата заедно со нив се движи кон пропаст. Но, за среќа регионалната геостратегија нема да дозволи воена ескалација, оти тоа може да го запали целиот регион. Па затоа ќе имаме брзо респоредување на НАТО силите за да се спречи поширок конфликт. Актерите веројатно ќе одговараат пред меѓународните судови за злосторство против мирот. Тоа го знае ДУИ, па затоа го заобиколија „минското поле“.
Но, дел од ДУИ сеуште во срцето има носталгија за ДПМНЕ. Тие ќе сносат огромна одговорност ако Груевски оди до крај во своето безумие. А и така водачите на ДУИ сносат објективна одговорност оти подолг период братски делеле со ДПМНЕ. Заедно ги закопаа интегративните процеси и заедно создадоа невиден хаос во секој домен. Тие свесно или не, составиле декларација (Платформа), со која на Груевски му подарија бомба со јака разорна моќ со цел да одекне посилно од вистинсите бомби на Заев. Носат одговорност и поради долготрајните „преговарања“ и „анализи“ со што создадоа доволно време Груевски да направи опасна приказна против „двојазичноста и федерализацијата“ на државата која веќе ја претворија во приватна сопственост. Мислам дека е многу важно сите албански партии да бидат посмели и поодлучни, оставајќи ги настрана нивните несогласувања, оти надвор од умот е, при ваква состојба, да се има локални избори, а уште помалку парламентарни.
Реално безумната „битка“ на Груевски во име на својот спас е погубна за сите нас, а и за него самиот. Тој се нафати на битка која и Милошевиќ, иако сто пати посилен, трагично ја загуби. Смешно е да очекувате дека тој ќе се испазари со ЕУ поради бегалците кога се знае дека самите тие од третината на своето население направија бегалци кои најмногу завршиле по европските држави. Достоинство и разум, на кои повикува Туск, не се однесуваат само во давањето мандат и власт на мнозинството, оти тој добро знае дека не се бара разум од водачи без ум (впрочем и самите признаваат дека се лудаци), туку тое е порака до сите нас што чудно молчиме додека безумните не носат кон кланица! Целиот товар му го оставаме на еден човек, како тој да има божја моќ, а ние да не мрднеме со прст, а најмилите ни се загрозени. Романците со месеци протестираа против корумпирани политичари и издејствуваа победа. Јужнокореанците со протести ја сместија претседателката Гуен Хје во затвор. А ние, дај Боже да е сон?! Човек кој не е храбар не може да биде чесен, оти за чесност потребна е пожртвувaност, нешто што плашливците не можат да го имаат. И чесноста е прескапа работа за да ја очекуваме од ефтини луѓе.
Ако деновиве нема попуштање, мнозонството е добро да размисли за тоа самите да изберат претседал на собранието и влада во кои и да е простории. Таквата влада сигурно дека веднаш ќе биде признаена од ЕУ и САД и фактички ќе ги прекинат сите врски со оваа постојната (владата, министерствата, другите органи). Дури тогаш немате потреба ни од инциденти, а ниту да влезете насилно по министерствата. Самата блокада ќе го направи своето.
Мерсел Биљали