По земјотресот во Скопје што се случи во 2 часот по полноќ, Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ – Скопје, потсетува какви мерки треба да се преземат во случај на посилен земјотрес.
Со скенирање на QR-кодот можете да ја отворите брошурата која ќе ве упати кон мерките за заштита пред, за време и по случен земјотрес:
-Со ова известување упатуваме и апел за пополнување на прашалникот за почуствуван земјотрес во случај на почуствуван земјотрес од Ваша страна, а ваквите податоци се од големо значење за работата на Сеизмолошката опсерваторија – се наведува во соопштението.
Попладнево, земјотрес со јачина од 2 степени според Рихтеровата скала е регистриран во близина на Гостивар.
Европскиот медитерански сеизмолошки институт соопшти дека епицентарот на земјотресот бил на 19 километри југозападно од Гостивар.
Земјотресот бил на длабочина од 15 километри.