Кампања на РСБСП „Користи зимска опрема“

Сподели

Во рамки на кампањата „Користи зимска опрема“, Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата (РСБСП) ги потсетува возачите на моторни возила на законската обврска за поседување на зимска опрема во возилото (независно на тоа дали се вклучени во сообраќајот во населено место или надвор од населено место) од 15 ноември оваа година до 15 март следната година.

Неповолните временски услови на патиштата (влажни коловози, пониски температури, врнежи на дожд и снег, намалена видливост) може да го зголемат времето на реакција на возачите, да ги деконцентрираат, да го продолжат сопирачкиот пат на возилото и сл. Затоа РСБСП советува да се провери возилото и да се подготви за зимските услови, да се почитува законската обврска за носење на зимска опрема и да се придонесе за побезбедно учество во сообраќајот на патиштата.

РСБСП упатува апел до возачите на моторни возила:

  • бидете внимателни и возете одговорно,
  • следете ги информациите за временските услови на патиштата,
  • прилагодете го возењето според условите на патот,
  • почитувајте ги сообраќајните правила и прописи и патната сигнализација,
  • носете зимска опрема во возилото и користете ја соодветно,
  • направете зимска проверка на возилото односно проверка на антифризот, маслото во моторот, течноста за бришачите на ветробранското стакло, проверете го акумулаторот и притисокот на пневматиците, обезбедете течност или спреј за одмрзнување на стакло, брави и сл.,
  • одржувајте поголемо растојанието меѓу возилата,
  • избегнувајте нагло сопирање на возилото,
  • избегнувајте нагло намалување или зголемување на брзината на возилото.

РСБСП апелира: Проверете ја подготвеноста на возилото за зимски услови на патиштата! Да придонесеме за намалување на несаканите последици и зголемување на личната и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.