Кампања #здравамашкост: Грижата за машкото здравје е општествена одговорност

Сподели

Статистиките покажуваат дека годишно во Македонија околу 70 нови пациенти заболуваат од рак на простата, а дури кај 90% од нив болеста се открива во доцна фаза, кога излекувањето е речиси невозможно. Исто така, 5 до 20 отсто од мажите во светот имаат умерена до тешка форма на еректилна дисфункција, односно неспособност да воспостават и одржат ерекција доволна за сексуален однос. И заболувањата на простата и еректилната дисфункција влијаат на способноста на мажите да водат исполнет сексуален живот, а со тоа и на самодовербата кај мажот и на меѓупартнерските односи.

Заболувањето на простатата е само една од можните причини за еректилната дисфункција. На оваа појава исто така влијае стресот, консумирањето алкохол, цигарите, нездравиот начин на живот, неправилната исхрана и сл. Здравата исхрана, вежбањето, редовната посета на уролог и користењето витамини и додатоци во исхраната, од друга страна пак, може значително да придонесе за превенција од појава на овие болести.

Грижата за машкото здравје не е само грижа на поединецот. Затоа во Македонија започна кампањата #здравамашкост. Целта е да се подигне нивото на свесност кај машката популација за потребата да се грижат за сопственото здравје. Дополнително, кампањата придонесува за разбивање на стереотипите, поттикнувајќи ги отворено да разговараат и да побараат помош доколку се соочуваат со некакви проблеми.

Препознавајќи ја потребата за подигнување на јавната свест за систематска и континуирана грижа за здравјето кај мажите, фармацевтската компанија „Алвоген“ се приклучува на кампањата #здравамашкост.

„Алвоген е општествено одговорна компанија на која здравјето на луѓето и е на прво место. Со задоволство ја поддржуваме кампањата, сакајќи да дадеме придонес во подигнувањето на свеста, пред се кај машката популација, за потребата од промена на начинот на живот и исхрана, а во насока на превенирање на болестите“, истакна Александар Попов, генерален менаџер на „Алвоген“ во Македонија.

Компанијата „Алвоген“ е производител на „Алвопрост“ – додаток во исхраната, кој содржи природни растителни екстракти и витамини кои ги подобруваат сите функции на уринарниот и репродуктивниот тракт.