Караванот „Најдоброто за мојата општина“ утре тргнува од Битола

Сподели

 

Караванот „Најдоброто за мојата општина“ утре ги започнува своите активности во рамки на кампањата за претстојните локални избори.

Утрешниот централен настан е закажан во Битола во 20.00 часот, а претходно караванот ќе биде со граѓаните на Демир Хисар. Во вторник караванот е во скопските општини Чаир и Кисела Вода по што ќе следува предизборна конвенција на кандидатот за градоначалник и листата за советници за Град Скопје.

Караванот своите активности завршува на 15 октомври со голем граѓански настан во Куманово.

СДСМ со својата кадровска и програмска понуда, во овие денови ќе ја посети секоја општина, секое населено место.

Со реализираните проекти зад себе, со најдобрата понуда, со најголемиот коалициски капацитет, „Најдоброто за мојата општина е изразит фаворит, победник на овие локални избори, затоа што граѓаните ќе дадат поддршка за концептот што води напред и е гарант за да продолжи развојот на општините, се наведува во денешното соопштение на СДСМ.